„Дигитални односи со клиентите и партнерите“ е модул за самооценување на дигиталната зрелост што ги анализира практиките на компанијата во поглед на:
Дали сте знаеле?
Секогаш кога вашата компанија ќе оствари комуникација со одреден клиент, можете да добиете некои информации за личноста, нејзиниот ии неговиот избор и потрошувачките навики. Систематската обработка на овие податоци и нивното користење може значително да го подобри искуството на клиентите и да ја зголеми продажбата. Податоците за возраста, полот, адресата или на пр. семејниот статус ќе ви помогнат попрецизно да ја одредите целната група на вашите дигитални комуникации и маркетингот, со што ќе се намалат трошоците, а истовремено ќе се зголеми ефективноста. За ефикасно управување со податоците за клиентите се препорачува да се користи софтвер за управување со односите со клиентите, односно ЦРМ (од анг. Customer Relationship Management).
Покрај маркетиншкиот аспект, со одржување на добри односи со клиентите драстично се зголемуваат шансите да ги задржите и да остварувате сѐ поголема продажба. Бројките покажуваат дека верните клиенти трошат почесто и повеќе од обичните клиенти. Некои студии покажуваат дека стекнувањето на нов клиент е до седум пати поскапо од задржувањето на постоен клиент, па затоа едноставно се исплати да вложувате во односите со клиентите.
Измерете го вашиот дигитален пулс
За да знаете каде може да ве однесе дигитализацијата на односите со клиентите и партнерите утре, треба да знаете каде сте денес. Ве повикуваме да ги проверите своите дигитални перформанси во областа на дигиталните односи со клиентите и партнерите, а нашиот дигитален советник ќе ви даде основни препораки за тоа како да го искористите својот дигитален потенцијал за раст на вашата компанија.
Сакаме да слушнеме што вашата компанија има намера да направи во областа на дигиталните односи со клиентите и партнерите и каква поддршка очекувате.