„Дигитализација и вработените“ е модул за самооценување на дигиталната зрелост што ги анализира практиките на компанијата во поглед на:
Дали сте знаеле?
Ако сакате да ја дигитализирате работата, потребна ви е поддршка од вработените и нивно учество. За нивното учество се потребни промени во начинот на размислување. Важно е менаџерите во компанијата да имаат предвид дека вработените треба да бидат вклучени во процесот од самиот почеток, на пр. преку организирање на информативни сесии и отворен разговор за дигитализацијата на работата и последиците од тоа за компанијата, преку тестирање на различни софтвери и уреди што им се на располагање на лицата кои ќе ги користат итн. На крајот на краиштата, кој може подобро да ги познава можностите за оптимизирање или иновирање на деловните процеси од самите вработени кои ги спроведуваат?
Менаџерите на компаниите треба да дадат пример за успешно користење на дигиталните алатки и да го водат процесот на дигитализација. Вработувањето преку дигитални канали и остварувањето на правата и обврските од работниот однос на вработените во поголемите компании и други кадровски прашања (едукација, оцена на работата, годишни одмори, боледување и сл.) преку информацискиот систем за управување со човечки ресурси може да послужи како начин за привлекување на вниманието на вработените за важноста на дигитализацијата на компанијата.
Измерете го вашиот дигитален пулс
За да знаете каде може да ве одведе зајакнувањето на дигиталните капацитети на вработените утре, треба да знаете каде сте денес. Ве повикуваме да ги проверите своите дигитални перформанси во областа на управувањето со човечките ресурси на вашата компанија, а нашиот дигитален советник ќе ви даде основни препораки за тоа како да го искористите својот дигитален потенцијал за да остварите деловен раст.
Сакаме да слушнеме што вашата компанија има намера да направи во областа на дигитализацијата на управувањето со човечките ресурси и каков вид на поддршка очекувате.