„Безбедноста на податоците и дигиталните системи“ е модул за самооценување на дигиталната зрелост што ги анализира практиките на компанијата во поглед на:
Дали сте знаеле?
Нападите врз компјутерските системи на компанијата можат сериозно да го загрозат нејзиното работење. Замислете да не можете да пристапите до податоците за контакт на вашите клиенти или вашата онлајн продавница да згасне. Затоа е потребно да се преземат неопходните мерки за заштита на податоците како на внатрешната мрежа, така и на мобилните или преносливите уреди.
Важно е редовно да се креираат резервни копии на податоците (анг. backup) и најдобро е овие податоци безбедно да се складираат на оддалечена локација на облак (cloud). Ова е единствениот начин на кој можете да избегнете загуба на податоците поради т.н. „рансомвер“ напад.
Речиси 90% од сите напади се резултат на човечка грешка. Според тоа, технолошките заштитни мерки сами по себе не се доволни. Исклучително е важно да ги едуцирате вработените во вашата компанија за ризиците и можните последици од сајбер напад врз вашата компанија, како и за нивната одговорност за намалување на ризикот од такви напади. Вашите вработени се несомнено експерти во својата област на работа, но како што се зголемува технолошката софистицираност на вашата компанија, така мора да се зголемуваат и нивните познавања за безбедно користење на технологијата. Речиси 67% од сајбер нападите се напади врз мали и средни претпријатија, а нападот може да доведе до таква загуба на податоци што претпријатието може никогаш да не закрепне.
Измерете го вашиот дигитален пулс
За да знаете кои безбедносни предизвици треба да ги решавате утре, треба да знаете каде сте денес. Ве повикуваме да ги проверите своите дигитални перформанси во областа на безбедноста на информациите и ИТ на вашата компанија и нашиот дигитален советник ќе ви даде основни препораки како да ја зголемите отпорноста на сајбер напади кои можат негативно да влијаат на вашето работење. Запомнете, никој не е „премал“ за да биде цел.
Сакаме да слушнеме што вашата компанија има намера да направи на полето на сајбер безбедноста и каква поддршка очекувате.