Управување на компанијата врз основа на дигитални податоци

„Управување на компанијата врз основа на дигитални податоци“ е модул за самооценување на дигиталната зрелост што ги анализира практиките на компанијата во поглед на:

  • користењето на дигитални алатки за поефикасно управување со работата,
  • деловните области во кои може да се контролираат процесите врз основа на достапни алатки и податоци, како и,
  • софистицираноста на извештаите со кои компанијата располага.

Дали сте знаеле?

Не е доволно само да имате податоци за работењето. Важно е да знаеме каква приказна ни раскажуваат податоците. Алатките за деловна интелигенција (анг. business' intelligence - BI) се дизајнирани да ви помогнат брзо да откриете каква приказна раскажуваат податоците со кои располагате. Наместо да гледате навидум случајни податоци, алатките за деловна интелигенција ви обезбедуваат извештаи и интерактивни контролни табли (анг. data dashboards) што комбинираат податоци од различни извори за да ви овозможат да донесете важни заклучоци врз основа на тие податоците.

Дури и малите компании можат да имаат голема корист од ваквиот подлабок увид во податоците и со тоа да остварат предност пред своите конкуренти.

Измерете го вашиот дигитален пулс

За да знаете каде дигиталното управување на компанијата може да ве однесе утре, треба да знаете каде сте денес. Ве повикуваме да ги проверите своите дигитални перформанси во областа на управувањето со податоците и извештаите за работењето на вашата компанија, а нашиот дигитален советник ќе ви даде основни препораки за тоа како да го искористите својот дигитален потенцијал во оваа област за да остварите раст на вашата компанија.

Сакаме да слушнеме што вашата компанија има намера да направи во областа на дигиталното управување и контрола и каква поддршка очекувате.