Дигитализирано производство и услуги

„Дигитализирано производство и услуги“ е модул за самооценување на дигиталната зрелост што ги анализира практиките на компанијата во поглед на:

  • употребата на напредни и нови дигитални алатки и технологии во производството и давањето услуги, како и,
  • оценувањето на потенцијалот за користење на овие технологии.

Дали сте знаеле?

Новите дигитални технологии можат да придонесат за успешна реализација на главните деловни цели на вашата компанија. Технологиите како што се вештачката интелигенција (анг. artificial intelligence - AI), роботиката итн. можат да ви помогнат да ги намалите оперативните трошоци, да ја зголемите продуктивноста, да го подобрите квалитетот на производите, да ја оптимизирате употребата на суровините, да го подобрите искуството на клиентите... Инвестирањето во напредни дигитални технологии не е резервирано само за големите корпорации, вашата мала компанија е по правило поагилна и поспособна побрзо да ја имплементира напредната технологија - се подразбира јасно разбирајќи ги предностите што таквата технологија ѝ ги носи на вашата компанија.

Измерете го вашиот дигитален пулс

За да знаете каде може да ве однесе дигитализацијата на производството или давањето услуги утре, треба да знаете каде сте денес. Ве покануваме да ги проверите своите дигитални перформанси во областа на користење на напредни дигитални технологии и нашиот дигитален советник ќе ви даде основни препораки за тоа како да го искористите својот дигитален потенцијал за да остварите раст на вашата компанија.

Сакаме да слушнеме што вашата компанија има намера да направи во областа на дигитализацијата на производствените процеси и давањето услуги и каква поддршка очекувате.